Неколку зборови по повод Меѓународниот ден на книгата - 23 Април - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Неколку зборови по повод Меѓународниот ден на книгата – 23 Април

Книгата има две намени – прво, таа е начин да станете зависни од читањето. Желбата да знаеш што ќе се случи, да сакаш да ја превртиш страницата, потребата да продолжиш дури и ако е тешко… тоа е вистинска желба. Те тера да научиш нови зборови, да мислиш нови мисли, да продолжиш понатаму – да откриеш дека читањето само по себе е пријатно. А втората е да научиш нешто ново.

Наједноставниот начин да се осигураме дека ќе воспитуваме и одгледуваме писмени деца е да ги научиме да читаат и да им покажеме дека читањето е пријатна активност. Тоа значи да пронајдат книги во кои ќе уживаат, да им дадеме пристап до тие книги и да им дозволиме да читаат.

Мислам дека не постои лоша книга за децата. Не постојат лоши автори за деца, кои децата сакаат да ги читаат, бидејќи секое дете е различно. Отфрлената, стара идеја за децата не е стара, затоа што првпат се среќаваат со неа. Не обесхрабрувајте ги децата да читаат бидејќи сметате дека читаат погрешна книга. Литературата што не ви се допаѓа е пат кон другите книги што можеби ќе ги сакате. И немаат сите ист вкус!

Потребно е нашите деца да се искачат на скалата на читањето: сè во што уживаат да читаат ќе ги поттикне во писменоста. Литературата е нешто што се гради со букви и неколку интерпункциски знаци, и вие самите, користејќи ја вашата фантазија, создавате свет и луѓе. Ги чувствувате работите, посетувате места и светови кои инаку не би ги знаеле. Оној кој ги посетил другите светови, кој ги вкусил плодовите на самовилите, никогаш нема да биде целосно задоволен со светот во кој пораснал. А незадоволството е добро: незадоволните луѓе можат да ги подобрат световите, да ги направат поубави и различни!

И друга многу важна работа во врска со децата и читањето е тоа што читањето ја развива емпатијата. Сочувствувањето со туѓата радост, болка, страв … и сите емоции кои можат да се родат во една личност,  облагородува, хуманизира, ја негува детската душа, лек е за егоизмот со кој е заразен светот на  децата денес. Да го споделуваме овој лек секогаш и насекаде!

По повод денешниот значаен датум на сите наши третоодделенци им ја препорачувам книгата „Земја во која никогаш не се стигнува“ од познатата македонска писателка, автор на делото „Зоки Поки“, Оливера Николова!

Уживајте драги ученици, без страв нурнете во светот на фантазијата, а откако ќе ја прочитате книгата имате и задача, слично како главните ликови во книгата да измислите цртежи за сите букви од кои е составен зборот К Н И Г А“.

Цртежите ќе ги испраќате во училишната библиотека при ООУ „Блаже Конески“-Прилеп, тие ќе бидат разгледани и најдобриот цртеж ќе биде награден!

 

Прогласување на најредовен читател

По повод Меѓународниот ден на книгата, училишната библиотека за учениците од трето одделение организираше промовирање на книгата „Земја во која никогаш не се стигнува“ од македонската писателка Оливера Николова.

Исто така беше прогласен и „најчитач“ во трето одделение, т.е. ученици кои освен редовната лектира позајмувале и читале и други книги од училишната библиотека. Следеа и соодветни награди и признанија. На овој начин нашето училиште продолжува со заложбите за развивање на навиките за читање и мотивирање на учениците за дружење со уметничката литература.

За НАЈЧИТАЧ во трето одделение прогласени се учениците:

Леон Гаши,

Марија Велеска, и

Борјана Златеска

Вера Искова, библиотекар

 

 

Comments are closed.