Добри практики од онлајн наставата - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Добри практики од онлајн наставата

Човек рекол: Секое лошо за добро. Така и оваа пандемија која го зафати целиот свет не натера да ги менуваме нашите навики и да се прилагодуваме на нови начини на меѓусебна комуникација. Во овие промени не беа иземени и училиштата кои се приморани да ги затворат вратите за поголем дел од учениците и истите да се среќаваат со своите наставници преку екраните на своите компјутери, таблети или мобилни телефони. Сето тоа ги стави нашите наставници во една незавидна ситуација затоа што во исто време треба да се придржуваат до своите обврски и задачи регулирани со закон, да ги мотивираат учениците за активно учество во онлајн наставата и во исто време да ги менуваат своите навики од директна и непосредна комуникација во комуникација преку екран каде нивната работа ја оценуваат не само учениците туку и добар дел од поблиското семејство на детето. Зафатени од оваа ковид состојба скоро шест месеци учениците од IV до IX одделение од ООУ „Блаже Конески“ реализираат онлајн настава.

Онлајн наставата нуди огромни можности, голем број дигитални алатки, интерактивни квизови и презентации, видеа  и игри. Се со цел учениците да се мотивираат, наставата да биде поинтересна , учениците аудио- визуелно да ги восприемат содржините но и активно да учествуваат во работата на часот наставниците ги користат можностите што ги нуди технологијата и дигиталните алатки.

Наставниците Ана Бошкоска и Габриела Стевананџија, на повикот за споделување на добри онлајн практики од СТИМ при Center for innovation and digital education испратија свои часови. Нивните часови од денес се дел од Збирката на добри практики од онлајн настава и  истите може да се користат од страна на наставниците на следната врска.

Каталог на добри онлајн практики.

Коментарите се затворени.