По повод 21 Март – Светскиот ден на позијата, учениците од седмите одделенија и нивната наставничка по Македонски јазик – Виолета Христоска изработија проект на тема: „Да се потсетиме на македонската песна и поети“.
Проектот траеше една седмица, а на 21 Март беше презентиран пред присутните родители, наставници, поети и ученици. Учениците ги презентираа своите сознанија за одредени македонски поети, притоа потсетувајќи нè за нивните најпознати стихови.
На настанот присуствуваа и поети кои биле дел, или се сеуште дел од нашето училиште. Со свои стихови се претставија: Блага Тутеска, Вера Искова, Симона Паскоска, Ана-Марија Манчевска и Леона Аврамоска. Горди сме што имаме подмладок кој продолжува да ја негува македонската песна.
По завршувањето на настанот лицата на сите присутни беа озарени што укажува на пријатно поминати мигови, а за сето тоа да биде успешно, помогна големата поддршка на директорката Мартина Пројческа, стручните соработници и наставничката по Музичко образование-Маја Кузманоски.