Ден на поезијата, проект „Да се потсетиме на македонската песна и поети“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Ден на поезијата, проект „Да се потсетиме на македонската песна и поети“

По повод  21 Март – Светскиот ден на позијата, учениците од седмите одделенија и нивната наставничка по Македонски јазик – Виолета Христоска изработија проект на тема: „Да се потсетиме на македонската песна и поети“.

Проектот траеше една седмица, а на 21 Март беше презентиран пред  присутните родители, наставници, поети и ученици. Учениците ги презентираа своите сознанија за одредени македонски поети, притоа потсетувајќи нè за нивните најпознати стихови.

На настанот присуствуваа и поети кои биле дел, или се сеуште дел од нашето училиште. Со свои стихови се претставија: Блага Тутеска, Вера Искова, Симона Паскоска, Ана-Марија Манчевска и Леона Аврамоска. Горди сме што имаме подмладок кој продолжува да ја негува македонската песна.

По завршувањето на настанот лицата на сите присутни беа озарени што укажува на пријатно поминати мигови, а за сето тоа да биде успешно, помогна големата поддршка на директорката Мартина Пројческа, стручните соработници и наставничката по Музичко образование-Маја Кузманоски.

Коментарите се затворени.