Одбележување на светскиот ден за свесноста на аутизам - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Одбележување на светскиот ден за свесноста на аутизам

Секоја година, на 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизам во светски рамки. Во петок (1 април) ООУ ,,Блаже Конески’’ Прилеп го одбележа овој ден со изложување на материјал на изложено пано со цел борбата против дискриминацијата, славењето на разноликоста на општествата и зајакнување на вложувањето за целосно вклучување на луѓето со аутизам во рамките на образовниот систем и генерално во цело пштеството. Дел од учениците од училиштето залепиа пораки напишани на стикери со чест на овај ден. Одговорни лица се специјален едукатор и рехабилитатор Антонио Коцески и психолог Оливер Вецеска Трајкоска.

Аутизмот е нарушување на развојот на невролошките функции. Луѓето што страдаат од аутизам се соочуваат со потешкотии во социјалната интеракција, вербалната и невербалната комуникација, а покажуваат и репетитивно или рестриктивно однесување. Ова нарушување ги афектира и двата пола, сите раси, во сите делови од светот. Од социјален аспект, аутизмот е долгорочно невролошко нарушување што влијае на начинот на кој афектираната личност го перцепира светот и комуницира со другите. Луѓето што страдаат од аутизам го гледаат, слушаат и чувствуваат светот различно од останатите. Аутизмот, односно аутистичниот спектар на нарушувања ја афектираат индивидуата на различни начини, а некои од аутистичните луѓе, на пример може да имаат нарушување на способноста за учење, проблеми со менталното здравје и други состојби.

 

 

Comments are closed.