ОДРЖАНА ТРЕТАТА МОБИЛНОСТ ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

ОДРЖАНА ТРЕТАТА МОБИЛНОСТ ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions

Од  21 до 25 март 2022 година се одржа третата мобилност од проектот ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions.

Како домаќин овој пат беше партнерот од Турција. Мобилноста се одвиваше во Истанбул во Gazikent İlkokulu, основно училиште каде учат ученици од 6 до 11 годишна возраст. На оваа мобилност нашите наставници имаа можност да се запознаат со нови можности на користење на животните во олеснување на совладувањето на наставните содржини кај ученици со потешкотии во учењето и ученици со одредена категоризација како аутизам.

Во петдневното дружење со колегите од Турција и останатите партнери се имаше можност да се стекнат искуства  да се разменат добри практики во делот на користење на птиците и рибите во наставата, да се запознаеме со можноста како полесно да ги инфилтрираме  децата кои се со одредени потешкотии во одделението,  да посетиме посебни центри за лица со аутизам и како истите тие низ посебен воспитно образовен систем се подготвуваат за живот во заедницата.

Во просториите на училиштето беа одржани повеќе часови од страна на нашите колеги од Турција каде можевме да видиме како преку дресирано куче се успева да се анимираат сите ученици во групата, како аквариумските риби и папагалите  можат да се применат во совладување на наставни содржини од математика.

Примената на микробитот во наставата и како истиот значително го олеснува процесот на учење и поттикнување на децата за вклучување во активностите.

 

Коментарите се затворени.