Во рамки на еко-часот, учениците од III-4 одделение со наставничката Даниела Џамбазовска, активно учествуваа во повеќе едукативни и креативни активности поврзани со заштитата на животната средина. Учениците разговараа за значењето на чистата и здрава околина, за правилното фрлање и селектирање на отпадот, како и за важноста од зачувување на природата.
Во текот на часот изработуваа цртежи и еко-пораки со кои ја покажаа својата грижа за планетата Земја, при што покажаа голема креативност и интерес.
Исто така, преку разговор и примери научија како секојдневно можат да придонесат за почиста околина преку штедење вода, електрична енергија и грижа и чистење на својата училница.
Со голем ентузијазам и соработка, учениците покажаа дека уште од најмала возраст можат да развиваат еколошка свест и одговорен однос кон природата и околината.
Галерија.



