20 Февруари – Светскиот ден на социјалната правда и 21 Февруари – Светски ден на мајчиниот јазик - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

20 Февруари – Светскиот ден на социјалната правда и 21 Февруари – Светски ден на мајчиниот јазик

Во месец февруари има повеќе денови кои заслужуваат да бидат одбележани. Годинава ние одлучивме акцент во одбележувањето да ставиме на 20 Февруари – Светскиот ден на социјалната правда и 21 Февруари – Светски ден на мајчиниот јазик, затоа што без правда нема достоинствен живот, а без јазик сме никој и ништо.

Во нашето училиште беа организирани повеќе активности кои ги испланираа и реализираа наставниците: Весна Арсиќ, Лидија Котеска, Виолета Христоска, Маја Кузманоски, Наташа Проданоска Ристеска и Вера Искова, со поддршка од директорката Мартина Пројческа.

Учениците од деветтите одделенија силите ги одмерија во дебата на тема: „Македонскиот јазик како одбележје на мојот народ“, настанот беше збогатен со перформанс за македонскиот јазик подготвен од учениците од трето три одделение и училишниот хор.

„Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто тој е наш, како што ни е наша татковината„ – Крсте Петков Мисирков.

Водејќи се од оваа мисла, во училиштето беше организиран натпревар во знаење за македонскиот јазик. На него учествуваа тимови на ученици од трето и деветто одделение.

На интерниот конкурс за есеј на тема „Мојот македонски – мајчин јазик“, од најдобриот есеј делови беапрочитани пред учениците.

Сите активности имаа единствена цел – поттик за сите да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик затоа што тој не прави свои, единствени и препознатливи пред другите. А нам ни е и обврска со која не задолжи нашиот патрон Блаже Конески: „Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме, јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом, како огниште.“

ВИДИ ГАЛЕРИЈА.

Comments are closed.