Учениците од текстилна струка, паралелка III6, Техничар за изработка на облека СОУ „Ѓорче Петров” Прилеп под менторство на проф. Јулијана Поповска и осмоодделенците од ООУ „Блаже Конески” под менторство на наставник Катерина Јонческа на заедничка работилница изработија мартинки кои заеднички ги подарија на учениците од прво одделение од ООУ „Блаже Конески“.