Извештај за реализирана презентација на тема „Препознавање и справување со насилен екстремизам“
На 22.03.2023 година во просториите на ООУ „Блаже Конески“ Прилеп со почеток вo 12:15 часот се реализираше презентација на тема „Препознавање и справување со насилен екстремизам“ која беше планирана со годишната програма за работа на ученичкиот парламент на ниво на училиште во учебната 2022/23 година.
Целта на презентацијата беше подигнување на свеста кај учениците за сериозноста на насилниот екстремизам, справувањето со овој реален проблем и дека истите се во насока на градење училишта нетолерантни кон насилство.
Целна група беа учениците од ученичкиот парламент на училиштето.
Состанокот го водеше претседателот на ученичкиот парламент во координација со стручните соработници. На истата присуствуваше и стручниот соработник библиотекар.
Со бура на идеи за поимот екстремизам сите ученици напишаа по едно зборче кое прво им падна на памет за истиот поим при што се доби слика за значењето на поимот и претставуваше воведна активност на претстоечката работа.
Од страна на стручните соработници беше реализирана презентацијата , потоа се дискутираше за појасно да се објасни начинот на препознавање насилен екстремизам како и мерки кои треба да се превземат во случај на идентификување на таква појава.
Интересот кај учениците беше голем и сите се трудеа да учествуваат во дообјаснување на презентацијата.
На крајот од состанокот беше договорено со учениците од Ученичкиот парламент секој во својата паралелка да ја презентира презентацијата.
Стручни соработници при
ООУ „Блаже Конески“ Прилеп