Повик за литературен и ликовен конкурс на тема „Стоп за корупцијата“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Повик за литературен и ликовен конкурс на тема „Стоп за корупцијата“

Почитувани ученици,

Ве информираме дека ООУ„Блаже Конески“-Прилеп согласно програмата за реализација на проектот „Антикорупциска едукација за учениците во основните училишта“, покрај другите активности организира и литературен и ликовен конкурс наменет за  ученици од VIII и IX одделение.

Со цел да се поттикне критичко размислување, формирање на позитивни вредности и развивање на креативноста кај младите, проектот вклучува конкурс за најдобар напишан есеј (еден есеј може да содржи максимум 300 зборови), песна  и ликовна творба на зададената тема.

Сите заинтересирани ученици во нашето училиште заклучно со 25.05 2023 година (четврток) да ги достават своите творби во канцелариите на стручните соработници.

Под секоја творба  да стојат основни податоци: име, презиме и паралелка на ученикот. Конкурсот нема натпреварувачки карактер. Сите изработки ќе бидат изложени на видно месо во просториите на училиштето.

За дополнителни информации може да се обраќате кај наставниците по македонски јазик, ликовно образование и граѓанско образование.

Коментарите се затворени.