Почитувани родители и старатели!
Свесни сме за некои дезинформации кои се споделуваат по социјалните мрежи во врска со нашите посветени наставници и работните обврски кои секојдневно ги извршуваат и поддржуваат вашите деца. Иако го почитуваме правото на секој да го изрази своето мислење, важно е дискусиите на нашето училиште да се засноваат на факти.
Во ова време, сведоци сме дека социјалните мрежи можат да бидат и злоупотребени. Слободата што тие им ја нудат на нивните корисници и секој може да напише сè и сешто,често нè доведува во незавидни ситуации.
Последицата од една објава по социјалните мрежи од страна на родител од наш ученик доведе до нарушување на угледот и работата на нашето училиште.
Оваа пригода ја користам да ги демантирам нејзините објави и да ја информирам јавноста дека во училиштето била запазена и почитувана процедурата при разрешувањето на проблемите со нејзиното дете и истите се надминати. Сето тоа е уредно евидентирано и постои кај стручната служба и во училиштето.
Сакам да упатам апел до сите корисници на социјалните мрежи, пред да објават нешто, да размислат за последиците кои можат да бидат предизвикани.
Во нашето училиште наш главен приоритет е да обезбедиме безбедно и висококвалитетно образование, поддршка на нашите ученици, без разлика на етничка припадност, нивниот социјален, емотивен и ментален развој.
Родители, доколку имате било какви грижи или прашања во врска со вашите деца, повикуваме на отворена и директна комуникација, со која заедно ќе најдеме решение за надминување на проблемите.
Со почит,
Директор
Мартина Пројческа