Денес, 20 мај, по повод Денот на пожарникарите, учениците од IV 1 под раководство на наставничката Наташа Димеска имаа прекрасна можност да бидат дел од настанот организиран на градскиот плоштад. Во рамките на оваа посета, тие одблизу ја следеа показната вежба на територијалната противпожарна единица.
Преку оваа динамична и едукативна вежба, учениците видоа како изгледа еден дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат овие храбри луѓе. Тие се запознаа со противпожарната опрема, возилата и начините на брза и ефикасна интервенција при гаснење пожари и спасување човечки животи.
„Ова беше одлична можност за децата не само да се забавуваат, туку и да научат важни лекции за безбедноста, заштитата и важноста на противпожарната професија во заедницата.“
Учениците со голем интерес и возбуда ги следеа сите вежби, а на крајот упатија и огромна благодарност до пожарникарите за нивната посветеност, храброст и за тоа што секогаш се тука да нè заштитат.
Им го честитаме 20 Мај – Денот на пожарникарите и им посакуваме уште многу успешни и безбедни интервенции!
Галерија.



