По повод ,,Меѓународниот ден на детето’’ учениците од седмите одделенија при ООУ ,,Блаже Конески’’ Прилеп организираа пригодна приредба. На приредбата беа презентирани креативните работилници по предметот Македонски јазик организирани на часови за орбаботка на лектира под менторство на наставничката Виолета Христоска. Учениците се претставија со драматизации на делови од романи и раскази, при што ја покажаа својата креативност и инвентивност.
Целта на работилниците е учениците да сватат дека секоја литературна творба може да послужи како основа за да се изработи драматизација. Во овие драматизации главните ликови беа деца, а на сцената ги прикажаа нашите ученици, деца. Со тоа им го честитаме „Маѓународниот ден на детето“.