Бошески Андреј
Андреј беше секаде прв,
и на секогаш се искачуваше до самиот врв.
На натпревари редум одеше,
и нашиот клас две години го водеше.
Со друштвото на магарешка секогаш се смееше,
солзи од радост и смеа често лиеше.
Шегувањето му беше во шема,
Елена од 5ката главна тема.
Хемичар е тој наш,
да ја избудали Павлина знае баш.
Пс. Попичу доместос шогоде!¿
Јандреовски Елена
Бунтовничка со добра душа,
Дејан на историја никогаш не го слуша.
Три пати претседателка ни беше,
со сите наставници вешто дискусии водеше.
За да направи драма од глупости не ја барај,
и пази ќе се расплачи не и зборувај.
Пс:Шо че прајте без мене море…
“Плачка”
Марија Јошевска
Таа е другарка права
зашто на сите совети му дава.
Во математиката е главна,
кај машките е славна.
Пријателства правеше лесно,
Рената по географија ја ставаше во тесно.
Пс.Кажете таму слободна сум за на натпревар.
Комисијата за избор на првенец на генерација при ООУ„Блаже Конески “ – Прилеп ги разгледа пристигнатите пријави од учениците од нашето училиште и согласно Критериумите за избор на првенец од Правилникот за пофалување и наградување оваа година номинира тројца ученици за првенци на генерација и тоа:
Андреј Бошески освои 236,5 поени,
Елена Јандреовскa освои 186,5 поени,
Марија Јошевска освои 178,5 поени.
НЕКА ВИ Е СРЕЌНО ДРАГИ НАШИ ПРВЕНЦИ!
Комисија за избор на превенец на генерација
Игор Богданоски
Анета Николоска
Викторија Талеска