ЧЕТВРТА И ЗАВРШНА МОБИЛНОСТ ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions - ПОРТУГАЛИЈА - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

ЧЕТВРТА И ЗАВРШНА МОБИЛНОСТ ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions – ПОРТУГАЛИЈА

Пет работни дена од 16 – 20. Мај 2022г.  беше и последната мобилност од проектот  ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions која се одржа во Португалија – Брага. Португалските домаќини се потрудија да се поминат 5 незаборавни денови исполнети со работни активности, дружење. Денови поминати во стекнување на нови искуства како да се искористат коњите, кучињата и зајаците за постигнување подобри резултати кај учениците кои напредуваат со потешкотии.

Преку одржани часови со вклучување  на зајаците,  посета на часови каде со децата со аутизам работат психолози и обучени коњи, како и со користење на дресирани кучиња исклучиво да работат со деца со пречки во развојот, успеавме уште повеќе да го збогатиме нашето искуство и со сигурност истото ќе се пренесе на нашите наставници и ќе се применува на часовите. Домаќините се потрудија покрај сите работни задачи да ни ја престават својата земја во најдобро светло.

Незаборавното  дружење со наставниците партнери од четирите земји Литванија, Португалија, Турција и Македонија се заврши со доделување на сертификати за учесниците но тоа секако не значи крај на нашето дружење. Преку интерна соработка продолжува да се негува стекнатото пријателство.

 

Коментарите се затворени.