Конкурс за избор на првенец на генерација 2020/2021 - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Конкурс за избор на првенец на генерација 2020/2021

Врз основа на училишниот Правилник за пофалување и наградување на учениците, ООУ„Блаже Конески“-Прилеп распишува интерен

К О Н К У Р С

За избор на првенец на генерација за учебната 2020/2021 година

Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од деветтите одделенија кои можат да се пријават на конкурсот со самокандидирање или на предлог од раководител на паралелка, предметен наставник, стручен соработник или директорот.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  1. Нема изречена педагошка мерка во текот на школувањето
  2. Континуирано има примерно поведение
  3. Покажува примерен однос во училиштето и надвор од него
  4. Континуиран одличен успех по сите наставни предмети
  5. Постигнати успеси на натпревари во име на училиштето
  6. Активно учество во слободните ученички активности
  7. Активност во работата на ученички организации
  8. Има освоено награди,дипломи или други признанија на ликовни,литературни или друг вид на конкурси во име на училиштето.

Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат до своите класни раководители за доплнителни информации и помош при подготовка на документите.

Конкурсот трае од 04.05.2021 до 31.05.2021 година.

Документите да се поднесат до училишната комисија за избор на првенец на генерација(стручна служба, директор) секој работен ден од  08 часот до 12 часот.

Документите треба да содржат:

  • Молба
  • Копии од дипломи, благодарници, пофалници и сл.

Комисијата за пофалби и награди ја разгледува целокупната документација на пријавените кандидати и врз основа на критериумите од правилникот изготвува бодовна листа, утврдува предлог на ученик за првенец на генерација и предлогот со бодовната листа  го доставува до Наставнички совет кој донесува одлука за прогласување на ученик за првенец на генерација.

 

Критериуми според кои ќе се изврши изборот

  1. Учество и освоено место на натпревари по наставни предмети што се изучуваат во основното училиште.
 

Ниво на натпревар

Прво место Второ место Трето место Учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. Натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. Натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски, регионал 9 4,5 8 4 7 3,5 3 1,5
Државен Натпр. 12 6 10 5 9 4,5 4 2
Меѓунаро. Натпр. 20 10 15 7,5 13 6,5 7 3,5

2. Учество и освоено место на конкурси, изложби или ревии за ликовни творби,

3. музички настапи, литературни творби, драмско, рецитаторско или техничко творештво на кои што ученикот го застапува училиштето.

 

Ниво на натпревар

Прво место Второ место Трето место Учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. Натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. Натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски, регионал 8 4 7 3,5 6 3 2 1
Државен Натпр. 10 5 8 4 7 3,5 4 2
Меѓунаро. Натпр. 16 8 12 6 10 5 8 4

4. Учество и освоено место на спортски натпревари на кои што ученикот го застапува училиштето.

 

Ниво на натпревар

Прво место Второ место Трето место Учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. Натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. Натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски, регионал 8 4 7 3,5 6 3 2 1
Државен Натпр. 10 5 8 4 7 3,5 4 2
Меѓунаро. Натпр. 16 6 12 6 10 5 8 4

5. За секој извршен избор на Првенец на одделението од претходните учебни години се добиваат по 10 бода во тековната учебна година

6. За 0 неоправдани изостаноци и за 0 оправдани изостаноци  во актуелното  одделение се добиваат по 5 бода;

7. За континуиран одличен успех (по сите предмети оценет со одличен 5) од прво до деветто  одделение се добиваат 20 бода;

8. За учество во слободните ученички активности во актуелната учебна година по 2 бода за секција,

9. За обавување на одговорна улога во активностите на Ученичката  заедница на паралелката, Ученичката заедница на училиштето, Подмладокот  на Црвениот  крст или друга организација на учениците, во актуелната учебна година, на ученикот му се доделуваат по 2 бода за секоја организација.

10. Секој предметен наставник што изведува настава во соодветната паралелка на секој ученик-кандидатот доделува:  0,5 или 0,7 или 0,9 бодови  со што  ученикот добива збир  на доделени бодови од сите предмени наставници.

Директор,

Ангелка Баракоска

Comments are closed.