По упатството на Министерството за образование и наука, исто така целосната поддршка на Локалната самоуправа и Градоначалникот , едногласно усвоена на Наставнички совет на училиштето и Советот на родители.
ООУ “Блаже Конески” – Прилеп им соопштува на сите ученици од прво до деветто одделение дека од утре 04.09.2023 год. стапува во сила апсолутна забрана за носење телефони во рамките на училиштето, и ограничено користење на телефон на наставниците.
Секој родител ќе има телефонски број од класниот раководител, стручната служба и директорот за било каква потреба од ученикот.
Ова соопштение треба да се сфати за сериозно, бидејќи секој телефон откриен во рамките на училиштето ќе биде одземен и вратен до крајот на учебната година.
Со почит
ООУ “Блаже Конески ” – Прилеп