Светскиот ден на книгата и авторските права - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Светскиот ден на книгата и авторските права

Учениците од II-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ го одбележаа 23 април-Светскиот ден на книгата и авторските права под мотото: „Продолжете да читате книги, но не заборавајте,  книгата е само книга. Треба да научите да оформувате свое мислење.“
Овој ден го одбележаа со низа активности:
Ги прочитаа и анализираа најпознатите цитати за книгата и читањето!
Ја потенцираа моќта на читањето! Испратија порака, до сите деца , но и до младите,  возрасните, да пронајдат задоволство во читање на книги,  бидејќи книгите се најголемото богатство!
Ја покажаа својата креативност преку изработка на посебни обележувачи!
Се запознаа и со очилата кои поседуваат волшебство во себе, очила со кои неизоставено се избира најубавата бајка, највозбудливиот расказ и најинтересната песна!
Дел од оваа денешна приказана беше и библиотекарката на нашето училиште Вера Искова која пристигна со волшебното ковчеже и волшебните очила,  ни ја  раскажа својата животна приказна за нејзината дружба со книгите, така што тие почнале да и се доверуваат! Нејзините најдобри другари, книгите  и станале инспирација за творење на нашата библиотекарка , поетеса. Почитувана,
Ви благодариме на честа, одвоеното време, прочитаните стихови!
На авторското столче со помош на волшебните очила се читаа делови од бајки, басни, раскази, песни!

Comments are closed.