2 Април – Светскиот ден на свесноста за аутизмот низ низа активности беше обележан од страна на I-3 одделение под менторство на наставничката Кокица Стојческа и образовниот асистент Стефани Видеска.
Првачињата испратија јасна порака: Ние сите сме дел од I-3 одделение! Подигајќи ја својата свест од најмали нозе им дава за право да кажат: Посилно светиме заедно! Најважната порака е испратена: Сите припаѓаме овде! Со што покажаа дека нивната училница, нивното катче е на сите ученици кои се дел од едно одделение.
Работилницата посветена на денот на аутизмот беше исполнета со низа активности: Изработка на светилка со омилени бои; Цртање на парче од сложувалка работи што ги прават среќни; Изработка на крстозбор од имињата на учениците; Пеење на песната: „За сите деца“.
Борејќи се за подобро утро и еднакво утро за сите деца, оваа работилница заврши со насмеани детски лица, полни со ентузијазам и инспирација за повеќе среќни денови за сите деца! Малите првачиња ги ставија своите вратоврски и покажаа дека се едно, дека се важен дел од I-3 одделение!