Светскиот ден на водата се одбележува во целиот свет секоја година на 22 март.
Целта на оваа активност е давање значење на водата, подигнување на свеста и рационално користење и штедење на водата, со цел да се подигне еколошката свест на учениците колку е потребна водата за животот на луѓето.
Учениците од подрачното училиште во населбата Варош заедно со наставничката по англиски јазик упатија јасни пораки за подигнување на човековата свест, преку мотото „Да ја вреднуваме и цениме водата“.