Наставничките Елена Стојаноски, Катерина Јонческа и Елена Димоска Николоска заедно со учениците од 8мо одделение беа дел од обуката на Територијалната противпожарна единица во нашиот град за превенција од пожари. Целта е најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите. Со ова треба да се подигне свеста на најмладите за опасностите од пожари исто така учениците да се запознаат со начинот на работа на оваа установа.
Оваа активност ја реализираа учениците како дел од предвидената програма за едукативни посети по предметот вештини на живеење во учебна 2022/23 година.