Првата полна седмица на месец октомври е седмица посветена на дечињата од целиот свет. Тоа е недела која нѐ обврзува да го свртиме целото свое внимание кон нашите најмали и најмили – ДЕЦАТА.
Неделата започна со најубавиот: СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО. За таа цел учениците од второ и четврто одделение при нашето училиште се вклучија со свои активности во чест на детето, а на последниот ден од НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО- под мотото ЈАС И СВЕТОТ ОКОЛУ МЕНЕ, нашето училиште изврши прием на првачињата од генерацијата 2023/24 година во Детската организација. Нивниот прием го помогнаа учениците од Ученичкиот парламент и Младите библиотекари, а малите првачиња дадоа ветување дека вредно ќе учат, редовно ќе доаѓаат на училиште и ќе ги почитуваат своите другарчиња, наставници и родители.
Манифестацијата заврши со нивни изведби, песнички кои штотуку ги научија со своите драги наставнички во присуство на нивните најблиски. На лицата на сите присутни зрачешерадост и возбуда.