Конкурс за првенец на генерација - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Конкурс за првенец на генерација

ИЗВЕСТУВАЊЕ

            Ги известуваме учениците од деветто одделение дека врз основа на правилникот за Пофалби и награди на ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп  распишува Конкурс за учениците од  деветто одделение за избор  на ПРВЕНЕЦ НА ГЕНАРАЦИЈАТА.

Конкурсот за конкурирање за ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ќе биде  истакнат на огласната табла од училиштето и на веб страната и истиот ќе содржи критериуми според кои ќе се изврши изборот. Бодовните листи за оцени од предметните наставници учениците можат да ги побараат од класните раководители.

Краен рок за доставување на документи е 08.06.2020 година. Врз основа на приложената документација на ученикот и увидот во педагошката документација училишната Комисија за пофалби и награди почитувајќи ги критериумите ќе врши бодирање,  ќе направи ранг листа на кандидатите и истата ќе ја достави до Наставничкиот совет кој ќе изврши избор. Документите се доставуваат до портирницата на училиштето или во електронска форма на oublazekoneski@gmail.com.

Првенецот на генерацијата ќе добие Диплома со наслов:  Првенец на Генарацијата во ООУ „Блаже Конески“ за учебната  2019/2020 година.

 

20.05. 2020 година                                                                                  Директор

Прилеп                                                                                     Ангелка Баракоска

 

 

Конкурс за првенец на генерација

Се информираат учениците од  деветто одделение дека ООУ „Блаже Конески“ организира конкурс за избор на Првенец на генерација. Конкурсот е наменет за учениците кои ги исполнуваат следните критериуми според кои ќе се изврши изборот.

1.Учество и освоено место на натпревари по наставни предмети што се изучуваат во основното училиште.

 

Ниво на натпревар

Прво место Второ место Трето место Учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. Натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. Натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски, регионал 9 4,5 8 4 7 3,5 3 1,5
Државен Натпр. 12 6 10 5 9 4,5 4 2
Меѓунаро. Натпр. 20 10 15 7,5 13 6,5 7 3,5
  1. Учество и освоено место на конкурси, изложби или ревии за ликовни творби,

музички настапи, литературни творби, драмско, рецитаторско или техничко творештво на кои што ученикот го застапува училиштето.

 

Ниво на натпревар

Прво место Второ место Трето место Учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. Натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. Натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски, регионал 8 4 7 3,5 6 3 2 1
Државен Натпр. 10 5 8 4 7 3,5 4 2
Меѓунаро. Натпр. 16 8 12 6 10 5 8 4
  1. Учество и освоено место на спортски натпревари на кои што ученикот го застапува училиштето.
 

Ниво на натпревар

Прво место Второ место Трето место Учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. Натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. Натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски, регионал 8 4 7 3,5 6 3 2 1
Државен Натпр. 10 5 8 4 7 3,5 4 2
Меѓунаро. Натпр. 16 6 12 6 10 5 8 4
  1. За секој извршен избор на Првенец на одделението од претходните учебни години се добиваат по 10 бода во тековната учебна година
  2. За 0 неоправдани изостаноци и за 0 оправдани изостаноци во актуелното  одделение се добиваат по 5 бода;
  3. За континуиран одличен успех (по сите предмети оценет со одличен 5) од прво до деветто одделение се добиваат 20 бода;
  4. За учество во слободните ученички активности во актуелната учебна година по 2 бода за секција,
  5. За обавување на одговорна улога во активностите на Ученичката заедница на паралелката, Ученичката заедница на училиштето, Подмладокот  на Црвениот  крст или друга организација на учениците, во актуелната учебна година, на ученикот му се доделуваат по 2 бода за секоја организација.
  6. Секој предметен наставник што изведува настава во соодветната паралелка на секој ученик-кандидатот доделува: 0,5 или 0,7 или 0,9 бодови  со што  ученикот добива збир  на доделени бодови од сите предмени наставници.
Comments are closed.