Како наставникот се бори со БРЕМЕ-НЕВРЕМЕ? - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Како наставникот се бори со БРЕМЕ-НЕВРЕМЕ?

Заврши уште една учебна година поинаква од другите. Празни училници, тивки ходници, средби преку екрани. Секој од своја страна требаше да се прилагоди на новите наметнати промени. Секоја ваква промена внесува страв од неизвесноста, секој си го поставува прашањето КАКО? ШТО? Кога станува збор за наставникот, кој е вистински професионалец во својата работа ваквите промени преставуват предизвици, мотив за победи, мотив да се промени приказната и од лошото да се извлече најдоброто, што би рекле да се има око за убаво. Еден таков професионалец во својата работа е наша наставничка која имавме прилика да ја следиме во нејзината работа и одблиску да се запознаеме со нејзиното одделение и ученици во текот на целата учебна година. Со својата професионалност, иновативност и креативност му пркосеше на злото наречено КОВИД.

Која е таа?

Весна Арсиќ, одделенски наставник во ООУ „Блаже Конески“- Прилеп.

Како наставник работи  континуирано од 1995 година, во планинското село Урвич, место кое се наоѓа под југоисточните падини на Шар Планина, на надморска височина од 1.120 метри, оддалечено 23 километри југозападно од градот Тетово. Но, животните ветрови ја донеле во Прилеп, токму во нашето училиште ООУ „Блаже Конески“, во 2001 година.

За себе вели дека ја  практикува активната настава, каде секој ученик треба да мисли, реагира, превзема, реализира, создава, твори, греши и учи.  Поучувањето за неа претставува планирано водење, поттикнување, насочување, помагање, следење во процесот на учење, со цел ученикот да се оспособи сам да го регулира сопственото учење. Нејзината улога како поучувач е да ги мотивира, поттикнува учениците на учење и работа и да го одржи  интересот кај учениците. Таа е позитивна, чувствителна, емпатична личност  која ги поттикнува учениците да се огледаат себеси во нејзините вредности, таа е причина за доживотното учење. Преку многубројните успеси и награди покажала и докажала дека наставникот може да ги препозне сите скриени вредности кој  секој ученик без сомнение ги има.

Како се снајде во Ковид приказната? Како ја пронајде својата улога во ова тешко време, колку сето тоа и одземаше од нејзината енергија? Весна ќе рече – тоа не беше вистинска причина за да застанам на патот по кој цврсто чекорам. Моите ученици се поделија во повеќе групи, две во училницата и една „online“  и така неуморно и вредно продолжија да ја пишуваат долгата и среќна приказна наречена УСПЕХ. И во тоа БРЕМЕ-НЕВРЕМЕ како ѓердан нанижаа бројни успеси и награди.

Учествуваа на разни настани, литературни конкурси и манифестации, снимаа видеа по разни поводи, но освоија и многу награди.

Само оваа година се закитија со:

  1. Прво место – Општински натпревар по Кино техника

– Лорин Кочоски – филм: Права и одговорности на децата;

  1. Прва награда – Литературна манифестација

– Средби под јаворите – Видое Подгорец;

  1. Изработка на мултимедијален ИКТ проект на тема: Вечна инспирација;
  2. Второ место – Државен натпревар за млади техничари и природници во областа на Кино и видео техника

– Лорин Кочоски, филм: Права и одговорности на децата;

  1. Литературен конкурс – Здружение на литературни творци

– Второ место-Хана Мечева,

– Трето место-Марија Сливоска,

– Трето место-Лорин Кочоски;

  1. Објавени песни во ЛИТЕРАТУРЕН ЗБОРНИК: Марија Сливоска, Лорин Кочоски, Хана Мечева, Борјана Златеска, Михаил Велјаноски.

Посакуваме да продолжи гордо и сигурно да чекори по својот пат, уште повеќе успеси, да биде ѕвезда водилка на младите генерации.

 

Comments are closed.