Првенец на генерација - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Првенец на генерација

Стефан е кошаркар славен и во друштво беше главен. За учење си немаше гајле иако видео игри играше до сабајле. За него другарите ќе кажат ја сака кошарката но голема љубов му е информатиката и програмирање, сака да се дружи со бројки и не му се проблем сложени математички проблеми и физиката. Одлично го владее англискиот јазик. Отворен е и дружељубив, сака да стекнува нови пријателства и кога прави нешто тоа го прави од срце. Ова се карактеристиките на нашиот овогодишен првенец на генерација Стефан Јаневски од 9-три одделение.

 

Комисијата за избор на првенец на генерација при ООУ„Блаже Конески “ – Прилеп ги разгледа пристигнатите пријави од учениците од нашето училиште и согласно Критериумите за избор на првенец  од Правилникот за пофалување и наградување ги рангира по следниот редослед:

  1. Стефан Јаневски – 192 бода
  2. Мила Игеска – 153,7 бода
  3. Христијан Црвенкоски – 135,1 бода
  4. Елена Шаркоска – 115,6 бода

 

Комисија за избор на првенец на генерација
Василка Василоска – наставник
Емилија Ристеска- наставник
Виолета Маркоска – наставник
Михаела Стојкоска –  ученички парламент
Бисера Пирганоска –  ученички парламент

Наставничкиот совет согласно Правилникот за пофалување и наградување на состанокот одржан на 10.06.2021 година едногласно донесе одлука со која за првенец на генерација е избран Стефан Јаневски како прво рангиран на бодовната листа.

НЕ УЧИМЕ ЗА ОЦЕНИ, УЧИМЕ ЗА ЖИВОТОТ! СРЕЌНО НЕКА ВИ Е НАШИ ПОЛУМАТУРАНТИ!

Коментарите се затворени.