Активности - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Активности

Со учениците од второ одделение од О.У. „Блаже Конески“ го посетивме прекрасното село Мало Коњари – место каде природата зборува, а детската радост се чувствува на секој чекор. Децата со љубопитни очи ги разгледуваа пластениците со разни зеленчуци, се запознаа со животот на фарма со крави и ги видоа расадите за тутун. Но најважно од сè – учеа преку доживување. 
Read more
Учениците од III-те одделенија го посетија основното музичко училиште, Ордан Михајлоски -Оцка, каде имаа можност да проследат интересна презентација. Се запознаа со повеќе видови музички инструменти, научија како се свири на нив и уживаа во прекрасните мелодии што ги изведоа учениците и наставниците. Посетата беше исполнета со музика, радост и нови искуства за сите присутни. Галерија.  
Read more
Во рамки на еко-часот, учениците од III-4 одделение со наставничката Даниела Џамбазовска, активно учествуваа во повеќе едукативни и креативни активности поврзани со заштитата на животната средина. Учениците разговараа за значењето на чистата и здрава околина, за правилното фрлање и селектирање на отпадот, како и за важноста од зачувување на природата. Во текот на часот изработуваа цртежи и еко-пораки со кои 
Read more
По повод 7 Мај – Денот на полицијата, учениците од VII одделение денес ја посетија полициската станица во рамки на отворениот ден организиран од полицијата. Учениците имаа можност да се запознаат со просториите на полицијата, начинот на работа и секојдневните обврски на полициските службеници. Посетата помина во пријатна и едукативна атмосфера, а учениците со голем интерес ги следеа презентациите и 
Read more
Ученици од 9то и 7 одд. Галерија.
Read more
Мали раце, големи промени! 🌍 Учениците од 5-3 одделение и наставничката Габриела Стевананџија го одбележаа 22 Април, Денот на планетата Земја, со многу труд и креативност. ✅ Изработија пароли со еко-пораки за почиста околина. ✅ Спроведоа акција за чистење на својата училница и училишниот двор. Тие ни покажуваа како се сака и чува планетата. Нашето училиште се гордее со вакви 
Read more
Денес на часот по англиски јазик учениците од IV-4 одделение и наставничката Елена Стојаноски учеа и твореа на тема: KEEP THE EARTH CLEAN – Чувај ја Земјата чиста! 🌍 Преку различни интересни експерименти ја развиваа својата креативност и свест за природата. Од рециклирани капачиња изработија планета и цвеќиња, покажувајќи како отпадот може да добие нов живот. Со многу љубов и 
Read more
Под мотото: ,,Секој ден се грижиме, а денес одбележуваме” учениците од V-1 одделение го одбележаа Денот на планетата Земја. Видео.
Read more
Учениците од IV-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ го одблежаа 22 април-Светскиот ден на планетата Земја! 22 АПРИЛ ПРАЗНИЧЕН ДЕН ,НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА И Е РОДЕНДЕН! ГЛАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА – Сите да размислиме за своето однесување, бидејќи , МАЛИТЕ ДЕЛА, ПРАВАТ ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ! НЕ ФРЛАЈТЕ ОТПАДОЦИ, САДЕТЕ ДРВЈА, ЧУВАЈТЕ ЈА ВОДАТА, ПРИРОДАТА, РЕЦИКЛИРАЈТЕ! АКО СИТЕ СЕ ГРИЖИМЕ 
Read more
По повод Денот на планетата Земја, учениците од второ и трето одделение од подрачното училиште во Варош, под менторство на одделенските наставнички Евгенија Димеска и Весна Црвенкоска, организираа настан под градскиот часовник. Настанот беше поддржан од компанијата Комфи Ангел, наставничката Маја Кузманоски, ученикот Димитар Иваноски, наставничката по ликовно образование Елена Димоска, како и ученичките Јелена Стојановска, Сара Жежоска, Теодора Челебитова 
Read more