Активности - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Активности

По повод 20 Мај денот пожарникарите учениците од 7-2 одделение беа во посета на Територијалната Против Пожарна Единица на град Прилеп.Се запознаа со нивната опрема и работа, научија како да постапат при откривања на шумски пожар и им посакаа да имаат помалку работа.
Read more
Во нашето училиште се реализираше „Отворен ден“ како завршен дел од  проектот Nature Expedition.  Овој проект се однесува на зелената едукација на учениците и рециклирање на мермерот кои е симболичен на нашиот регион и тоа во дизајнерски цели како што е завршната активност- модулот од градина. Во последната етапа од овој проект која се одржа на ден 14.05.2024 год. (вторник) се 
Read more
Честитки за Ангел Кулески VIII одд за ПРВО МЕСТО на државен натпревар по музичко образование- вокална интерпретација Ментор: Маја Кузманоски.    
Read more
9 -ти Мај Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа кој на глобално ниво ја слави идејата за траен мир и заедништво одбележан е и во нашето училиште. Активностите беа во организација на наставниците: Виолета Христоска, Наташа Ристеска Проданоска, Весна Арсиќ, Валентина Кочоска и Лидија Котеска. Учениците од осмо и деветто одделение учествуваа во работилница на тема „Замислете 
Read more
Малите СЛАВЕЈЧИЊА од II -3 заедно со својата наставничка Весна Арсиќ Ви го честитаат најголемиот христијански празник, Велигден! Вложено љубов, труд и енергија во снимањето на песната „ХРИСТОС ВОСКРЕСНА“ Да го празнуваме животот денес! Да го воскреснеме Исус во нашите срца! Да ги отвориме душите за љубов и радост! За многу години!
Read more
Првачињата од прво 1 и прво 2 одд. со наставничките Павлина Звездоска и Дијана Смугреска, реализираа велигденски активности. Боеја велигденски јајца и гипсени зајачиња, пееја велигденска песна, се запознаа со значењето на најголемиот христијански празник Велигден. За многу години да е!
Read more
Велигден – Голем ден. Најубавиот христијански празник, празник на љубовта и мирот. Учениците од II-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ Ви го честитаат овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го 
Read more
 ПРВА награда од областа конструкторство освои ученикот Матеј Чиртоски 8 одд. ПРВА награда од областа применета физика освои ученикот Антонио Јованоски 8 одд. ПРВА награда од областа робитика освои ученикот Виктор Трпкоски 7 одд. Сите тројца ученици имаат пласман на Државен натпревар.  ВТОРА награда од областа ракетно моделарство освои ученикот Максим Талески 5 одд.  ТРЕТА награда од областа градежништво и 
Read more
Денес учениците од 7-2 и 7-4 оддделение по предметот Вештини на живеење имаа Велигденска работилница. Се запознаа со значењето на празникот,вапцуваа јајца со природни бои- куркума, кафе, цвекло ,но научија и како се вапцуваат јајца со бои во прав. Се разбуди и детската фантазија па шараа јајца со темперни бои и фломастери. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ -НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ.
Read more
Првачињата од прво 2 одд. го одбележаа Денот на планетата Земја со повеќе активности – учеа како да ја чуваат планетата, како биде зелена и чиста, цртаа, сликаа, интерпретираа стихотворба ,,Се’ што расте” и пееја ,,Еколошка песна”.
Read more