Учениците од ,,Клубот на млади истражувачи’’ заедно со наставничките Павлина.Т.Ристеска, Христина Игнатоска и Анета Николоска го одбележаа Денот на екологијата со лансирање на ,,цветни бомби” -активност поврзана со проектот Slow Food Училишни градини.
Мало објаснување што е ,,цветна бомба”.Тоа е мало топче составено од комбинација на компост, глина и семиња кои можат да се лансираат преку огради и запуштени места каде што има почва за подлога. Да се надеваме дека за брзо ќе ги видиме резултатите од денешната активност.