На 09.05.2022 година во нашето училиште беше одбележан ДЕНОТ НА ЕВРОПА.
И не на било каков начин. Учениците од петтите одделенија учеа од поголемите ученици под менторство на наставничката Лидија Котеска. Ученичките Мила Ивановиќ, Деспина Аврамоска и наставничката по граѓанско образование Лидија Котеска низ интересна презентација ги „водеа“ учениците низ содржините за Европската Унија.
Од мотото „Обединети во разликите“ и преку химната „Ода на радоста“ учениците ги увидоа придобивките и важноста нашата татковина да биде дел од европското семејство.
Во овој интегриран наставен час беа вклучени учениците членови на додатна настава по граѓанско образование со наставничката Лидија Котеска, наставниците Ана Бошкоска, Љупчо Велкоски, Габриела Стевананџија, Гордана Џокоска и учениците од петтите одделенија.