Зајачиња како инспирација и мотивација во наставата - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Зајачиња како инспирација и мотивација во наставата

Ако Планетата Земја е заеднички дом на луѓето, растенијата и животните зошто училницата да не биде место каде „гости“ ќе бидат зајачиња? Тоа се случи на 06.04.2022 година во училницата на V-1 одделение и наставничката Ана Бошкоска.

Пет зајачиња го разубавија денот на учениците од V-1 одделенија, а воедно се реализираа интегрирани активности по математика, македонски јазик и ликовно образование. Активностите започнаа со запознавање на учениците со зајачињата и поделба на учениците по центри.

Истовремено се реализираа активности во математички центар каде учениците решаваа текстуални задачи, литературен центар во кој учениците твореа современа бајка на тема „Авантурите на белиот зајак“ и ликовен центар каде беше илустрирана бајката. По 25 минути учениците ги презентираа своите изработки и следеше ротација на активности.

Задачите беа решени, литературните и ликовните творби изработени но тоа што го одбележа денот беше насмевката и задоволството на лицата од учениците.

Зошто вакви активности и вклучување на животни односно зајаци?

*Заради намалување на бариерите за учење и вклучување на сите ученици, а не само на оние што немаат потешкотии.

**Минимизирањето на пречките за учење и вклучување на учениците со потешкотии подразбира мобилизирање ресурси од училиштето и околната средина. Секогаш постојат повеќе ресурси за поддршка од оние што се користат во моментот. Ресурсите не секогаш значат финансиски средства.

***Поттикнување на секое дете, без оглед на неговите способности, да напредува во рамките на своите можности.

****Асистивната технологија се смета како  „чадор“ поим што се однесува на секој продукт или технологија базирани на услуга што им овозможува на луѓето со ограничени способности од различна возраст, активност во нивниот секојдневен живот, образование, работно место или слободно време. Животните (кучињата, делфините, зајаците)  се популарни поради нивната секогаш очигледна желба за играње и забава. Тие се пријателски настроени спрема околината и не е чудно зошто децата толку ги сакаат

Ова ќе биде ден за паметење!

Коментарите се затворени.