Еразмус+ работилница „Читање со Оги“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Еразмус+ работилница „Читање со Оги“

Како дел од активностите The Power of Animal-Assisted Interventions од програмата на Еразмус + во нашето училиште се одржа работилница „Читање со Оги“.

Работилницата беше изведена со прводделенците и наставниците Наташа Ристеска, Дијана Смугреска и Кокица Стојческа.

Работилницата опфати активности со читање, илустрирање и пеење за кучето Оги.

Зошто оваа роботилница?

Кучињата во училницата обезбедуваат и физички и емоционални здравствени придобивки за учениците.

Според една студија објавена од Националниот институт за здравје (NIH), присуството на куче во училницата промовира позитивно расположение и обезбедува значителни антистресни ефекти врз телото.

Нашите првачиња учат да читаат.

Читањето на глас може да биде застрашувачки процес за некои деца. Затоа, го вклучивме нашето куче Оги на час за читање за да им помогнеме на некои од учениците да се релаксираат, да се чувствуваат мотивирани и да ги подобрат своите вештини за читање.

Резултатите беа зачудувачки. Првоодделенците беа толку возбудени, пријателски расположени и мотивирани. Му читаа на кучето и се дружеа со него.

Го поздравија кучето со песна и ги цртаа активностите од работилницата.

Коментарите се затворени.