Проект Еразмус+ - The Power of Animal-Assisted Interventions - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Проект Еразмус+ – The Power of Animal-Assisted Interventions

Оваа година нашето училиште е дел од проект Еразмус+ The Power of Animal-Assisted Interventions.

Еразмус+ е програма на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во Европа. Целите на програмата во областа на образованието и обуката се: унапредување и поддршка на образованието на сите нивоа, зајакнување на врската меѓу формалното, неформалното и информалното образование и учење; подобрување на соработката меѓу образованието и пазарот на трудот; создавање на додатна вредност за европско образованиие и европско димензионирање на образованието; поддршка на соработката помеѓу земјите кои учествуваат во дефинирањто на образовните политики. Еразмус+ програмата исто така е фокусирана на јакнење на потенцијалите на младите за активно учество во граѓанското општество, како и на развојот на солидарноста и разбирањето меѓу културите.

Нашето училиште во Септември 2019 година стана дел од оваа програма како Партнер училиште во Проектот The Power of Animal-Assisted Interventions, чиј координатор е училиштето Siauliu sanatorine mokykla од Литванија, а како партнери се вклучени и училиштата од Турција ,,Gazikent İlkokulu” и Португалија “Escola Básica do Cávado”. Поради ковид пандемијата проектот беше во стагнација се до оваа година кога продолжи со неговата реализација.

Целите на овој проект се: Да се олеснат тешкотиите во учењето, Да се развијат читање, зборување, математика, социјални вештини; Да се подобри личниот напредок, мотивацијата за учење, академскиот успех и самодовербата на учениците со различни попречености или посебни потреби користејќи програми со помош на животни; Да се интегрираат образовните програми поддржани од животни во наставната програма; Да се истражат најдобрите практики и искуства со интервенции поддржани од животни и употребата на различни активности опфатени различни животни во различни средини; Да се поттикнат наставниците да користат иновативни, ефективни и креативни наставни методи и техники. Да се зголеми професионалноста на наставниците и да се зајакнат компетенциите на во европската димензија за интеграција на животните во образовниот процес. Да го подигнеме стандардот за квалитет на нашите институции и да соработуваме повеќе во меѓународната димензија.

До овој момент реализирани се две работилници по 5 дена во нашето училиште и во Šiaulių sanatorinė mokykla во градот Шјауљај, Литванија каде нашите наставници заедно со колегите од Литванија, Португалија и Турција разменија искуства и ги проширија своите знаења за тоа како може да се искористат животните во реализација на  наставните програми.

Коментарите се затворени.