Фрагменти од предновогодишните училишни моменти! - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Фрагменти од предновогодишните училишни моменти!

27 Декември, празници се ближат, ги одбројуваме последните денови, се подготвуваме за испраќање на Старата, но и за дочек на Новата 2024 година.

Нашите драги првачиња кои вредно работеа, па заедно со своите наставнички извојуваа многу мали битки со буквите и броевите, сега радосно го исчекуваат оддавањето на признание за постигнатите успеси од Таткото на градот и добриот Дедо Мраз кој е прочуен исполнувач на детски желби и „засладувач“ на детските дни со бомбони и чоколади.

Низ холот на училиштето ечат песни за добредојде од детските грла, се е раздвижено, весело, полетно, подготвени сме да се впуштиме во празничната авантура!

СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА

Коментарите се затворени.