По повод Светскиот ден на здравјето, 7 април, група ученици од нашето училиште ги посетија пензионерските ограноци во н. Точила и Варошко Маало. За оваа пригода тие со наставничките Виолета Христоска, наставник по Македонски јазик и Маја Кузманоски, наставник по Музичко образование, подготвија пригодна приредба.
Пред присутните пензионери учениците се представија со своите музички, литературни творби, а им поделија и изработки со пораки за здравјето.
Пензионерите пак не потсетија на значењето на ,,бабата’’ во нашите животи и споделија со нас што е важно за здравјето.
Сите уште еднаш сфативме дека – Здравјето е нашето најголемо богатство.