Чест ми беше да го играм младиот Блаже Конески на филмското платно - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Чест ми беше да го играм младиот Блаже Конески на филмското платно

Средба со 11-годишниот Михаил Велјаноски од Прилеп

Михаил Велјаноски има 11 години, учи во шесто одделение во прилепското основно училиште „Блаже Конески“ и веќе стана популарен меѓу врсниците, бидејќи го глумеше македонскиот великан како дете, по кого и негово училиште го добило името. Своето филмско деби тој го имаше во филмот „Јанѕа“, во режија и по сценарио на Никола Т. Калајџиски, кој деновиве беше прикажан премиерно во Прилеп и предизвика голем интерес. Малиот Михаил не го криеше задоволството што бил дел од екипата во филмот. Тој на премиерата рече дека бил возбуден како ќе помине проекцијата во родниот град, ама, на негово големо задоволство, сѐ минало одлично. Задоволен е од вниманието што му го посветија неговите соученици, дарувајќи му пригоден подарок.

Тој откри дека случајно добил шанса да го игра младиот Блаже Конески на филмското платно.

Се сеќавам, еден викенд пред две години ми се јави наставничката и ми рече дека се избира ученик што има сини очи за да игра во филмот што ќе се снима за Блаже Конески. Тогаш бев четвртоодделенец. Во одделението бевме двајца руси со сини очи и испративме фотографии. По еден ден наставничката ѝ се јави на мајка ми и ѝ соопшти дека ме одбрале мене за улогата. Моите родители прифатија да настапам во филмот, а јас поради сето тоа бев многу возбуден. На почетокот мислев дека ќе треба да зборувам нешто, но само ме фотографираа, а според сценариото се движев каде што беше потребно. Ова е убаво искуство за мене, кое ќе го паметам. Особено беше интересно кога се снимаше во родната куќа на Блаже Конески – ни раскажува Михаил.

Тој дополни дека поради овој ангажман се потрудил да научил нешто повеќе за животот и делото на Конески.

На прашањата на соучениците како е да се учествува во снимање филм, тој вели дека тие денови никогаш нема да ги заборави.
По проекцијата на филмот во Домот на културата во Прилеп, Михаил изјави дека она што го видел многу му се допаднало.
– Убаво е да бидеш дел од филм што говори за една исклучителна личност. Бев многу возбуден на проекцијата на филмот, иако од снимањето поминаа две години. Ми се вратија убавите спомени. И во иднина треба да се снимаат филмови за македонските значајни личности што придонеле многу за нашата историја, литература, наука и уметност – вели Михаил.
Тој сега е ученик во шесто одделение и особено се труди на часовите по македонски јазик, но призна дека, сепак, повеќе го привлекува светот на бројките. Наоѓа време и за спортски активности, но и за дружење со врсниците.
Михаил со авторот на филмот Никола Т. Калајџиски.

Со соучениците на промоцијата во Прилеп.
Коментарите се затворени.