Отворен ден за Граѓанско образование 2022-2023 - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Отворен ден за Граѓанско образование 2022-2023

И оваа учебна година, учениците од основното училиште „Блаже Конески“  Прилеп се вклучија во реализација на  активности за поттикнување на  демократската  клима во училиштето. Сите наши активности во изминатиот период имаа имаа за цел поттикнување на чувството на одговорност помеѓу учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата  и зајакнување на ученичката  иницијативност за преземање активности за позитивна промена.

Нашите  ученици со своите иницијативи  покажаа дека учењето не се одвива само во училница и од книга и дека граѓанските компетенции на учениците се градат уште од мали нозе.

Учениците вредно работеа своите знаења по различни наставни предмети да ги применат и да практикуваат однесување кое значи активно ангажирање со поддршка на возрасните во подобрување на состојбите во училиштето и заедницата.

По повод приемот на првачињата во Детската организација, во училиштето се организираа повеќе активности, меѓудругото членовите на библиотекарската секција и стручните соработници Вера Искова и Жаклина Гегоска изготвија и прочитаа презентација преку која ги запознаа новите членови – ученици со нивните основни права и обврски во заедничкиот живот во училиштето.

На иницијатива на учениците од III одделение, и нивните наставници Весна Конеска, Димчо Наумчески, Јасмина Ангелеска заедно со родителите беше одбележан 16 Октомври Меѓународниот ден на здрава храна и Меѓународниот ден за борба против гладта. Учениците на креативен начин  преку своите литературни и ликовни творби за здрава храна а родителите со здрави убаво декорирани закуски порачаа дека здрав начин на живот е возможен само преку здравата и правилна исхрана но и дека кон храната сите треба одговорно да се однесуваме   бидејќи таа не им е достапна  подеднакво на сите  на планетата Земја.

Учениците од паралелките 7-3 и 9-1 соочени со проблем кој често се повторува – недолично и нефер однесување во просториите на училиштето, покренаа иницијатива за одржување на заеднички час на одделенска заедница.

Раководителите на паралелките Виолета Христоска и Лидија Котеска во улога на медијатори на часот на одделенска заедница  организираа работилница „Дрво на проблеми и решенија“. Работилницата придонесе, учениците да научат дека само преку разговор се доаѓа до ефективно разрешување на  конфликтна ситуација, спречување  на  опасноста честите несогласувања во училишните простории да прераснат во сериозен конфликт, поголема вклученост на учениците  во заедничкото решавање на проблеми,   зајакнување на врската меѓу  соучениците во училиштето.

Учениците од новинарската секција на своите часови со наставничката Катерина Димкоски разговараа и прибираа податоци за појавата на врсничко насилство-булинг. Нашите новинари подготвија презентација која треба да биде основа за нивните понатамошни активности и иницијативи за спречување на насилното однесување меѓу учениците.

Членовите на хорот од нашето училиште под водство на наставничката Маја Кузманоски покренаа одлична иницијатива преку музика уште еднаш да не  потсетат дека светот е убав само ако се почитувааат правата на детето.

Учениците од паралелката 8-1 покренаа иницијатива  уште еднаш да ги потсетат своите соученици што значи да се биде одговорен ученик.  Со поддршка на раководителот на паралелка Тања Јованоска учениците изработија видео запис во кој порачуваат дека одговорен ученик е учениик кој ги почитува правилата  на  училишната заедница, прави дела со кои им помага на другите во учењето, се грижи за училишниот инвентар, личната хигиената и хигиета во училиштето, активно се вклучува во училишните активности, спречува нефер однесување и  преку взаемно почитување и соработка го посакува доброто на сите.

На часовите по информатика учениците заедно со наставничката Наташа Ристеска Проданоска следејќи ги моменталните препораки за штедење на електричката енергија изработија  постери, презентација под мотото „Енергијата вреди и затоа треба да се штеди“. Нивна инцијатива е да не потсетат на начините за нејзно штедење и дека чувајќи ја  енергијата се заштитиме себеси и  природните богатства.

Одговорен ученик е ученик кој умее да се грижи и за  водата како наше природно богатство. Штедењето на водата беше инспирација за учениците од паралелките 6-3 и 6-4 заедно со наставничката Љубица Јованоска Пашоска да изработат пароли, видео запис, песнички и текстови со кои уште еднаш сакаа да укажат на нашето  одговорно однесување.

Учениците од паралелката 6-1 со својот раководител Марија Василеска следејќи ги светските трендови и препораки за рециклирање на отпадот, покренаа иницијатива и во нашето училиште  да се креираат постери со кои ќе се појасни каде и како правилно се рециклира, симболите кои се користат за правилна селекција  и собирање на отпадот. Постерите се изработени на англиски јазик и изложени во училиштето како потсетник дека секој треба да се грижи за училишната средина.

Во реализацијата  на своите иницијативи и идеи учениците имаа огромна поддршка од директорот на училиштето Мартина Пројческа, стручните соработници, родителите, одделенските и предметните наставници.

Comments are closed.