Наставничките Катерина Јонческа, од основното училиште Блаже Конески, во соработка со професорката Јулијана Поповска, професорка по стручни предмети во текстилната струка, изведоа заедничка активност, во сколоп на наставата по предметот животни вештини во просториите на училишната работилница за практична настава на СОУ Ѓорче Петров.
На учениците од основното училиште им беше презентиран начинот на изработка на облека, а и самите ученици, со помош на средношколците изработија новогодишни подметачи.
Меѓусебната соработка беше наградена со подароци изработени од вредните раце на средношколците.