На 21 и 22 февруари 2023 во просториите на училиштето ООУ „Блаже Конески“ со учениците од 8мо и 9то одделение од страна на МВР се одржа предавање на тема: „Сајбер насилство“, што беше од голема важност за учениците-корисници на интернет, особено на социјалните мрежи, за да имаат поголема свесност од ваквиот тип на злоупотреба и како да се заштитат од истиот.
Навремено да побараат помош и да ги пријават ваквите случаи до надлежните институции за да се превземат соодветни мерки за да не се наруши нивниот интегритет, чест и углед.