Во рамки на престојниот карневал и празникот Прочка во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа изложба на маски изработени од учениците од основните и средните училишта од нашиот град.
Во конкуренција од преку 300 маски нашиот Матеј Тодоров од VII4 одделение, под менторство на наставничката по ликовно образование Елена Димоска ја освои првата награда. Класен раководител на паралелката, Наташа Чубрикоска.
Честитки за успехот на Матеј и благодарност на сите ученици кои учествуваа на изложбата.