Проект „Туторска поддршка на деца Роми од трето, четврто и петто одделение“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Проект „Туторска поддршка на деца Роми од трето, четврто и петто одделение“

Здружение за перспективна интеграција и раазвој РОМА ПЕРСПЕКТИВ -Прилеп

—————————————————————————————

Association for perspective integration and development“

 

Здружението за перспективна интеграција и развој – РОМА ПЕРСПЕКТИВ- Прилеп во рамките на проектот „Туторска поддршка на деца Роми од трето, четврто и петто одделение“ преку туторството од страна на лице ангажирани од самото здружение, се насочува кон  напредок и развој дополнително вон школските клупи на Ромските деца. Нашата цел како здружение е секогаш да сме насочени кон лицата од ранливи категории, и да допринесеме со помош која нив им е потребна и достојни услови каде што самите децата ќе можат да се посветат на свој успех и ќе станат изградени личности со достојно образование.

Како партнер во нашата мисија, важно е да го напоменеме  ООУ „Блаже Конески“ Прилеп  и благодарение на Директорката Мартина Пројческа, со кое заедно рака под рака и со заедничка соработка се посветуваме за успех и напредок на овие деца. Токму, во оваа конотација би сакале да го напоменеме и ученикот Дејвид Демир, кој во соработка со својата наставничка,  успеа да ги препознае неговиот потенцијал и талент, ја изработи литературната творба ,, Мојата мајка, Севѓулана ,, и освои Второ место на литературниот конкурс за најдобра лична творба, организиран од КЛУБ НА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ. Ова е само еден пример за плодот кој се добива од даденаможност за откривање и развивање на сопствените потенцијали .Ние како Здружение, Би сакале да се заблагодариме на наставничката Весна Црвенкоска, која го даде својот удел во успехот на ученикот Дејвид Демир.

Горди на постигнатото и во новочекување на идните успеси на ученикот Дејвид, во рамки на проектот „Туторска  поддрша на деца Роми“ му  се додели паметен уред, таблет кој што ќе може да го користи во текот на наставата, како и за свои амбиции за напредок и развој.

Проектот го спроведува Здружението за перспективна интеграција и развој – РОМА ПЕРСПЕКТИВ Прилеп  подржано од Општина Прилеп.

 

Коментарите се затворени.