На 21 Март светскиот ден на поезијата стручниот соработник – библиотекар на нашето училиште ја промовираше својата стихозбирка. Нашата библиотекарка Вера Искова, со својата стихозбирка „ПОРИВ БЕЗ СМИСЛА“ зачекори по врвиците на современата македонска поезија.
Таа за своето дело доби награда на Дата ПЕСНОПОЈ – Битола, во рамките на едицијата КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ – ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА. Како што самата вели на почетокот од својата стихозбирка: „Уметноста на зборот е порив и за смисла тој не прашува“.
Своите први поетски изливи ги презентира пред читателската публика, а за тоа колку е стихот „добро скроен“, па „за око да се фати“ и да усогласи ритам со ритамот на читателовото срце, станувајќи така звучен акорд, ќе разберете доколку ја прочитате споменатата стихозбирка.