Работилница на тема „Стоп на врсничко насилство – Булинг“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Работилница на тема „Стоп на врсничко насилство – Булинг“

Булингот е облик на агресивно однесување кое трае подолго време, се повторува и насочено кон исто лице, намерно, свесно негативно постапување со намера другиот да се повреди, со намера да предизвика заплашеност и со секогаш присутна несразмерност на силата, насилникот секогаш има поголема сила од жртвата, однесување кое со ништо не може да се оправда. Булингот е насилство во кое ученикот трајно и често е изложен на негативни постапки од страна на еден или повеќе ученици, кои намерно сакаат да го повредат, понижат или да го изложат на потсмев.

Видови на булинг:
Вербален – нарекување со погрдни имиња, исмевање, омаловажување, навреди, дофрлувања;
Физички – удирање, туркање, рушење, крадење и уништување на предмети;
Социјално – озборување, избегнување, игнорирање, изолирање, ширење на лаги и гласини;
Психолошко – заканувачки погледи, гримаси, исмевање, несакани допири и коментари од сексуална природа, изнудување на пари, следење, уценување;
Бројот на учениците кои пријавуваат дека се жртви на злоставување се намалува со возраста. Значи, ако децата се постари ретко се обраќаат за помош.

Бидејќи е чест случај младите ученици да се жртви на тие од повисоките одделенија, согледувањето на проблемот треба да почне од млада возраст, но исто така треба упорно да се поттикнуваат постарите ученици на согледување на сериозноста на проблемот и пријавување на насилство.

Во таа насока беше одржана работилница во подрачното училиште во Варош со учениците од II-4 одд. од страна на стручната служба – Специјален едукатор и рехабилитатотoр, Антонио Коцески и Психолог, Оливера Вецеска Трајкоска на тема: „Стоп на врсничко насилство – Булинг“. На работилницата беа присутни 15 ученици и истата произлегува од потребната советодавна работа за насилничко однесување, врсничко насилство или насилство меѓу деца.

Целта на работилницата е развивање на свесност за видовите насилничко однесување (исмејување, навредување, тепање). Умеење да побараат помош (ученик/ча) кога е жртва на насилничко однесување и да ја согледаат потребата да се заштитатат себеси од насилничко однесување.

Во воведниот дел сите ученици стојат во круг и еден по еден ја довршува следната реченица наведувајќи одредена постапка: ,,Кога сум многу лут/а на некого, ми доаѓа да…’’ (пр. вика, се турка, плаче итн.). Во главната активност секој ученик држи знак со кружна форма на едната страна зелен, а на другата црвен. За време на читањето проблемски ситуации во кој се појавува насилничко или ненасилничко однесување секој ученик се изјаснува со кревање на знакот во зависност од тоа дали прикажаната реакција ги повредува/навредува нив (црвен круг) или не (зелен круг). За време на завршната активност се отвора дискусија за насилничко/ненасилничко однесување во рамките на паралелката насочено кон разговор, договарање со другата страна или признавање на сопствените грешки.

Родители, запознајте се со булингот и запознајте ги своите деца со овој облик на насилство:

Помогнете им да го избегнат злоставувањето и да побараат помош од постарите ако забележат злоставување во својата околина!

Коментарите се затворени.