Година на успешно реализирани проекти - 2021 - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Година на успешно реализирани проекти – 2021

Изминатата 2021 година беше година на плодна соработка со Министерството за образование и наука. Со финансиска поддршка на МОН беа реализирани неколку проекти кои се од големо значење во процесот на унапредување на образованието и условите за работа како на учениците, така и вработените во нашето училиште.

Во летниот период беше реализиран проект за промена на осветлувањето во училиштето кое до почетокот на учебната година беше комплетно променето. Го опремивме кабинетот по природни науки со специјално дизајниран инвентар наменет за лабораторија по Природни науки, што ќе допринесе за поквалитетно и непречено изведување на наставата по овие предмети, за изведување на експерименти и подготовка на проекти.

Изминатата 2021 година ја заокруживме со одобрен проект финансиран од Министерството за образование и наука за изработка на термоизолациона фасада која ќе го подобри квалитетот на затоплување во училиштето и реконструкција на подови. Истиот е започнат со реализација деновиве, со што значително ќе се подобрат условите за работа во училиштето.

Коментарите се затворени.