Слободата и мирот се основа за нашата безгрижна иднина - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Слободата и мирот се основа за нашата безгрижна иднина

9 -ти Мај Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа кој на глобално ниво ја слави идејата за траен мир и заедништво одбележан е и во нашето училиште. Активностите беа во организација на наставниците: Виолета Христоска, Наташа Ристеска Проданоска, Весна Арсиќ, Валентина Кочоска и Лидија Котеска. Учениците од осмо и деветто одделение учествуваа во работилница на тема „Замислете сите луѓе да живеат во мир и слобода“ од која произлегоа детските размислувања дека слободата и мирот не се само поими туку состојба во која треба да се гради животот и се основа за нашата иднина. Во името на сите ученици Ученикот – дете правобранител испрати писмо до сите возрасни во светот да запрат војните и немирите, да се обединат, светот да биде како едно и да се потрудат да им обезбедат мирно и спокојно детство. Квизот на знење во дигитална форма имаше за цел да порача дека напредокот и ширењето на знаењето се единствените чувари на вистинската слобода и најмоќното оружје во градењето на подобра иднина. Најмалите ученици од второ – три одделение под мотото „Мирот е единствената битка што вреди да се води“ со бели балони и гулаби испратија порака до сите нас дека мирот не е нешто што се посакува, тоа е нешто што се создава .

Коментарите се затворени.