Учениците од II -3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ го одбележаа СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО со низа активности под мотото: „СТОП “ НА МЕЃУВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО, АКЦЕНТ НА „ ДРУГАРСТВОТО- НАЈРЕТКАТА ПТИЦА НА СВЕТОТ “ Учениците преку игра, воочија дека имаат право на заштита од насилство, не треба да ги повредуваат другарите, треба да ги штитат од насилство, треба да бидат добри другари! Од дадени букви создаваа зборови, од дадени зборови правилно формулираа реченици, изработија Дрво на тема : „ ДРУГАРСТВОТО- НАЈРЕТКАТА ПТИЦА НА СВЕТОТ “ во кои ги истакнаа пораките за другарството, другарите и другарките, единствената поддршка што ја имаат и единствените луѓе на кои можат да се потпрат. Нивниот вреден совет, другарското рамо, љубовта и грижата секогаш се вредни во моментитe кога сакаме да ја споделиме тагата со некој што навистина ни е близок, што го сакаме и почитуваме! Тоа сме ние,II -3, ЕДЕН ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА ЕДЕН!
This message is only visible to site admins
Problem displaying Facebook posts.
Error: Error validating access token: The session has been invalidated because the user changed their password or Facebook has changed the session for security reasons.
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460