СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО под мотото: „СТОП“ НА МЕЃУВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО, АКЦЕНТ НА „ДРУГАРСТВОТО- НАЈРЕТКАТА ПТИЦА НА СВЕТОТ“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО под мотото: „СТОП“ НА МЕЃУВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО, АКЦЕНТ НА „ДРУГАРСТВОТО- НАЈРЕТКАТА ПТИЦА НА СВЕТОТ“

Учениците од II -3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ го одбележаа СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО со низа активности под мотото: „СТОП “ НА МЕЃУВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО, АКЦЕНТ НА „ ДРУГАРСТВОТО- НАЈРЕТКАТА ПТИЦА НА СВЕТОТ “ Учениците преку игра, воочија дека имаат право на заштита од насилство, не треба да ги повредуваат другарите, треба да ги штитат од насилство, треба да бидат добри другари! Од дадени букви создаваа зборови, од дадени зборови правилно формулираа реченици, изработија Дрво на тема : „ ДРУГАРСТВОТО- НАЈРЕТКАТА ПТИЦА НА СВЕТОТ “ во кои ги истакнаа пораките за другарството, другарите и другарките, единствената поддршка што ја имаат и единствените луѓе на кои можат да се потпрат. Нивниот вреден совет, другарското рамо, љубовта и грижата секогаш се вредни во моментитe кога сакаме да ја споделиме тагата со некој што навистина ни е близок, што го сакаме и почитуваме! Тоа сме ние,II -3, ЕДЕН ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА ЕДЕН!

Коментарите се затворени.