15 Април, Светски ден на семејството - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

15 Април, Светски ден на семејството

„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“ – Л. Толстој.

Денес е одбележан Светскиот ден на семејството. По тој повод училиштето беше домаќин на членови од здружението Преродба и писатели од нашиот град.

Активностите беа во организација на наставниците: Лидија Котеска, Виолета Христоска, Маја Кузманоски и Наташа Ристеска Проданоска, а со поддршка на директорката Мартина Пројческа. Ученици од осмите одделенија презентираа содржини за значењето на семејството и неговата важност во формирањето на личноста на човекот.

Семејството е вечна инспирација. Поетите Блага Тутеска, Марија Ѓорѓиоска и Вера Искова споделија пригодни стихови со присутните.

Членовите од дружението Преродба ги споделија своите искуства за важноста на семејството и негувањето на обичаите и традицијата.

За спомен од оваа дружба членовите од здружението Преродба добија и постер – Призма, со значењето на зборот ,,преродба“ виден со детски очи. Исто така беа поделени и честитки израбоотени од учениците.

Кога ќе се спојат мудроста на возрасните и креативноста на младите успехот и задоволството се неизоставен дел.

Нека ни е честит Светскиот ден на семејството!

Comments are closed.