Пролетта се буди и радост ни нуди! Кокичињата како предвесник веќе процветаа и убава вест ни соопштија:
– Мили дечиња пролетта ни дојде! Денот за дружба, учење и смеење поголем е сега! Од детската насмевка нема каде да се бега!
Учениците од I-3 одделение заедно со својата наставничка Кокица Стојческа и oбразовниот асистент Стефани Видеска, реализираа ликовна работилница на тема: ,,Денот на пролетта”, на платно со печати во 2Д форми ја претставија пролетта и и посакаа добредојде на истата, а со реупотребувањето на метеријал – платно ја поздравија и екологијата и и ветија дека ќе бидат и подобри еколози во иднина!