Пет работни дена од 16 – 20. Мај 2022г. беше и последната мобилност од проектот ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions која се одржа во Португалија – Брага. Португалските домаќини се потрудија да се поминат 5 незаборавни денови исполнети со работни активности, дружење. Денови поминати во стекнување на нови искуства како да се искористат коњите, кучињата и зајаците за постигнување подобри резултати кај учениците кои напредуваат со потешкотии.
Преку одржани часови со вклучување на зајаците, посета на часови каде со децата со аутизам работат психолози и обучени коњи, како и со користење на дресирани кучиња исклучиво да работат со деца со пречки во развојот, успеавме уште повеќе да го збогатиме нашето искуство и со сигурност истото ќе се пренесе на нашите наставници и ќе се применува на часовите. Домаќините се потрудија покрај сите работни задачи да ни ја престават својата земја во најдобро светло.
Незаборавното дружење со наставниците партнери од четирите земји Литванија, Португалија, Турција и Македонија се заврши со доделување на сертификати за учесниците но тоа секако не значи крај на нашето дружење. Преку интерна соработка продолжува да се негува стекнатото пријателство.